Ако можев, ќе забременев вчера: Ешли Греам е подготвена за уште едно дете
Најпознатиот плус
сајз модел, Ешли Грам се подготвува за својата втора бременост. Триесет и три годишната Грам толку многу ужива
во мајчинството што една година по раѓањето на нејзиниот син Исак Менелик Џовани, таа се подготвува за своето
второ бебе.
„Да можев, ќе забременев вчера“, рече таа во интервју за магазинот „WSJ“.
Тогаш таа се пошегува: „Случајно имав незаштитен однос додека овулирав само за да видам дали можам да забременам додека дојам“.
Греам е омажена со Џастин Ервин, а на 18 јануари 2020 година парот го доби своето прво дете.
"Научив да љубам на начин на кој не знаев дека постои. Луѓето зборуваат со вас и се обидуваат да објаснат, но вие не знаете за љубовта сè додека не добиете бебе", рече таа во јануари кога нејзиниот мал син го прослави својот 1-ви роденден
Фото: Инстаграм