Ако нанесеш маскара на овој начин, твоите очи ќе изгледаат поиздолжени и ќе добиеш „мачкини очи“ (ВИДЕО)
Вака сигурно не ставаш маскара, а можеби би требало да започнеш!
Секогаш нанесуваме маскара на ист начин, но се чини дека е време да го промениме тоа. Иако секој ја става на свој начин, сегашниот тренд е малку поинаков од секојдневната рутина.
Излегува дека некои девојки всушност вака ставаат маскара цело време!
Постои поинаков начин на кој можете да нанесете маскара за да добиете ефект на мачкини очи, т.е. за да изгледате поиздолжено. Всушност, не е воопшто тешко, единствениот проблем е што можете полесно да ги обоите очните капаци, па затоа се препорачува прво да го пробате овој трик пред целосно да се нашминкате. Само да видите дали ќе направи голема разлика и како вешто можете да го направите тоа. Поентата е двојна. Првата е да ставите маскара само на половина од трепките и да се фокусирате нанадвор. Така подобро ќе ги нагласите и очите.
Другата работа што треба да ја направите кога нанесувате маскара, е да ја држите кожата затегната околу окото. Тоа е малку поинаква техника од онаа што повеќето ја прават секој ден, но ако сакате некогаш малку да го промените изгледот на вашата шминка, но да не правите ништо лудо, пробајте го ова. Девојките кои пробале навистина се воодушевени бидејќи го прави окото поиздолжено.