Ако судиме според ТикТок, ова дефинтивно ќе биде чанта на годината
Популарноста на оваа чанта започна со рекламата во која се појавува Џенифер Лопез...
ТикТок е нова платформа кога станува збор за модата и стилот. Чантата чиј дизајн го потпишува брендот Coach е најновиот мдоен хит, во плакарот ја има и Џенифер Лопез, а сега ја сакаат сите.
Доколку сакате да ги дознаете најновите модни трендови, еден од начините е да си направите профил на ТикТок. Имено, социјалните мрежи станаа неверојатно важен фактор кога е во прашање создавањето на модните трендови, а чсто и ги предвидуваат. Трендот чесот го започнуваат и познатите дами во кои се огледуваат и трендсетерките. Токму тоа се случи со чантата од брендот Coach, за која овие денови се крена голема прашина.
Популарноста на оваа чанта почна со рекламата со Џенифер Лопез која многу добро ги наметнува новите трендови. Чантата многу брзо се забележа и на ТикТок, каде беше прогласена за „чанта на годината“.
Чантата под назив „Pillow Tabby“ наста според примерот на популарниот модел на Coach од 70 - тите, а новиот модел доби значително помек облик. На трендсетерките им стана особено драга оваа чанта во розова боја, бидејќи оваа боја ќе биде вистински хит оваа сезона.