Актери и актерки кои им дадоа живот на анимираните ликови на Дизни, а воедно ги направија незаборавни
Едноставно заблескаа во овие улоги...
Сигурно било тешко да се прикажат и оживеат омилените ликови од цртаните кои милиони луѓе ширум светот ги обожавале од своето детство.
Но, одредени актери толку добро и уверливо ги одглумија ликовите на Дизни, што кога ќе споменат одредени херои и хероини од популарните бајки, веднаш ни текнува на актерите и актерките, без да се сетиме на првобитните анимирани ликови на Дизни.
# Ема Вотсон како Бел
Актерката која сите ја паметиме по улогата на Хермиона во Хари Потер, кажа дека уживала во снимањето на филмот „Убавицата и Ѕверот“ во кој добила можност да ѝ даде живот на хероината од своето детство.
# Лили Колинс како Снежана
Снежана, на актерката ѝ била омилена бајка во детството. Кога ја добила улогата во филмската адаптација, кажала дека тоа е како „остварување на сите детски соништа“.
# Лили Џејмс како Пепелашка
Лили со улогата на Пепелашка се вивна помеѓу холивудските ѕвезди. И покрај бројните актерски остварувања, и ден денес, многумина кога ќе ја видат, нејзиниот лик го поврузуваат со Пепелашка, која во истоимениот филм се појавува облечена во раскошен балски фустан во сина боја.
# Хелена Бонам Картер како Црвената кралица
Актерката призна дека тогаш ја изненадило кога нејзиниот партнер Тим Бартон ѝ ја предложил оваа улога, но со улогата на Црвената кралица во филмот „Алиса во земјата на чудата“, уште еднаш потврди зошто е една од најбараните актерки во научно-фантастичните филмови.
# Анџелина Џоли како Господарката на злото
Анџелина одлично ја донесе улогата на Господарката на злото. Во едно интервју изјави дека ѝ требало многу време за да го усоврши гласот на Господарката на злото, а во сето тоа, многу ѝ помогнале нејзините деца.
# Ема Стоун како Круела
Еве уште една актерка која растури како негативка на Физни. Фантастичната Ема даде нов шарм на Круела и собра одлични криткити.
# Вил Смит како Духот од аладиновата ламба
Филмските критичари се согласија дека Вил Смит својата заразна личност одлично ја пренел на Духот од аладиновата ламба. Тој е Дух кој не секогаш го гали Аладин, но затоа е повеќе склон да дава романтични совети, па донекаде потсетува на љубовен гуру.
# Лук Еванс како Гастон
Во филмот за „Убавицата и Ѕверот“, покрај Ема Вотсон, се прослави и Лук Еванс во улогата на вредниот и непосакуван додворувач на Бел. Во улога на негативец беше духовит и толку ебедливо злобен, што дури успева да ве изнервира како гледач. А, кога некој актер ќе успее да ве изнервира со својата улога, тоа значи дека завршилодлична работа.
# Александар Скарсгард како Тарзан
Во цртаниот филм не ни можевме да замислиме колку може да биде убав Тарзан, додека Александар Скарсгард не не убеди во тоа во филмот „Легендата за Тарзан“. Поради неговото совршено извајано тело, милиони девојки ширумс ветот немаат проблем одново и одново да го изгледаат овој филм.
фото: Принтскрин / Инстаграм