Актери кои самите доживеале хорор поради снимањето хорор филмови: Мистериозни настани и смртни случаи на филмските сетови

Актери кои самите доживеале хорор поради снимањето хорор филмови: Мистериозни настани и смртни случаи на филмските сетови

Објавена во: Stars // Филм

Некои филмови како да биле проколнати...

Глумата е тешка професија која од актерите бара да се посветат на доделената улога, тело и душа. Тоа соживување со некој лик и дело мора да биде исцрпувачко, а како треба да им биде на оние актери кои се согласиле во хорор филмовите да глумат чудовишта, убијци, силувачи и некои други натприродни чудни појави во хорор филмовите?

Ви ја пренесуваме листата на актери кои по одредени улоги никогаш повеќе не биле исти:

# „Poltergeist“ - ЏоБет Вилијамс

Актерката во култниот филм ја толкуваше улогата на мајката на Дајан Фрилинг. Токму оваа улога го одбележа нејзиниот живот и актерската кариера. За да заштедат пари, сценаристите и режисерите користеле скелети од покојници, бидејќи биле многу поевтини од лажните. ЏоБет не ни знаела со што е опкружена за време на снимањето на најстрашните кадри, бидејќи наивно верувала дека реквизитите се лажни. Многумина веруваат дека ваквата одлука фрлила проклетство врз филмот и луѓето кои учествувале во него, бидејќи ги осквернале коските на мртвите луѓе. За време на снимањето се случувала по некоја паранормална активност, а по објавувањето на филмот, ЏоБет била единствената која не била погодена од проглеството. Иако била емотивно измачувана, таа остана жива, додека нејзините четворица колеги починале под многу чудни и несреќни околности.

# „The Texas Chainsaw Massacre“ - Мерилин Барнс

Мерилин ја отелотвори улогата на Сали Хардести, лик кој беше единствениот преживеан од нападот на главниот негативец, а по филмот дури беше прогласена и за кралица на крикот. А, како не би ја добила таа титула, кога всушност ѝ го пресекле прстот во една сцена. Крвта во филмот не е лажна, туку нејзина, а подоцна беше објаснето дека сите се чувствувале навистина луди во тој момент. Екстремната жештина и влажност кои владееле на сетот, актерите кои не смееле да се пресоблекуваат и капат, за да ги претстават своите улоги што поубедливо, ја довеле Мерилин до ситуацијата во која се нашла. Подоцна проговори за менталната и физичката тортура што ја претрпела на снимањето, објаснувајќи дека почувствувала вистинско олеснување кога снимањето завршило.

# „The Exorcist“ - Линда Блер

Таа улога на тогаш 14-годишната Линда ѝ донесе Златен глобус и номинација за Оскар. Но, дали сето тоа вредеше за нејзиното ментално и физичко здравје? За време на снимањето на филмот, Линда го повредила грбот и го исцрпила телото од различните физички напори. По излегувањето на филмот, девојчето почнало да добива тони смртни закани. Поради таквата убедлива изведба, таа со години се справуваше со обвинувањата дека со својата улога го величела сатаната. Големината на притисокот беше премногу за Блер. Членовите на актерската екипа веруваа дека сетот е проколнат, бидејќи девет лица загинаа за време на снимањето.

# „The Conjuring“ - Вера Фармига

Главната актерка страдала од несоница за време на снимањето на филмот. Таа секое утро се будела помеѓу 3 и 4 часот, што на познавачите на паранормалното им е познато како „часот на вештерките“. Уште полошо, пронашла модринки на телото, како некој да давел со канџи. Вера морала да научи како да се лаже себеси и да се преправа дека ништо не се случило. Тоа бил единствениот начин да не потоне во сопствениот страв.

# „The Crow“ - Брендон Ли

Брендон почина во март 1993 година на сетот на филмот. Снимањето за него било многу исцрпувачко, бидејќи за потребите на улогата изгубил 20 килограми. На крајот, кога требало да се сними сцената од филмот во кој тој умира, Брендон наместо од гумени добил фатални истрели од пиштол. Не смееме да заборавиме да напоменеме дека ураган го разнел целиот филмски сет и дека еден член од филмската екипа настрадал од струен удар. Имало низа од повеќе чудни околности.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: