Актерката две години не ја видела својата ќерка: Холивудската ѕвезда Кејт Бекинсејл ја откри причината зошто биле разделени
Холивудската ѕвезда Кејт Бекинсејл својата ќерка Лили Мо Шин ја виде првпат по скоро две години. Имено, мајката и ќерката биле разделени поради пандемијата.
Кејт Бекинсејл е фотографирана со 22-годишната ќерка на аеродромот во Њујорк, а ги следеше момчето на Лили, Дејвид Шектер и сите носеа заштитни маски.
Истиот ден, актерката и јавно проговори за тоа колку долго била разделена од ќерка ѝ.
Лили Шин инаку е студентка на Универзитетот во Њујорк и таму престојувала за време на пандемијата.
„Не сум ја видела ќерка ми две години поради сево ова“ - откри актерката во интервјуто.
„Исто така, бев во Канада и не можеше да дојде да ме види. Најапсурдната мисла е да не си го видите детето две години, но на нас тоа ни се случи“ - додаде.
Бекинсејл откри дека нејзината ќерка го снимила својот прв филм во Њујорк и тоа со Николас Кејџ. Кога ја прашале дали ѝ дала некој совет на ќерка ѝ, Кејт кажа дека ѝ порачала да биде доктор.
Кејт ја доби Лили од заедницата со Мајкл Шин, со кој беше во љубов од 1995 до 2003 година.
фото: PROFIMEDIA