Актерката Кети Грифин ги шокираше сите: Луѓе, морам да ви кажам нешто! Имам рак на белите дробови
Двократната победничка на Еми, Кети Грифин, објави дека ѝ е дијагностициран рак на белите дробови...
Актерката Кети Грифин на социјалните мрежи објави:
„Луѓе морам нешто да ви кажам. Имам рак. Токму сега се подготвувам да одам на операција каде ќе ми отстранат дел од белите дробови. Да, имам рак на белите дробови, а никогаш не бев пушач.
Докторите се оптимисти, бидејќи ракот е во почетна фаза и се наоѓа на левата страна од моите бели дробови“ - наведе актерката со надеж дека ќе ги избегне хемотерапијата и зрачењето.
„Би требало да имам функционални бели дробови кои ќе работат нормално и да немам потешкотии со дишењето. Се надевам дека ќе трчам околу за месец или дури помалку“ - напиша таа.
— Kathy Griffin (@kathygriffin) August 2, 2021
Актеркта нема историја со оваа булест, нејзината мајка почина минатата година на 99 години, а боледувала од деменција.
фото: Profimedia