Активистите јавно ја навредуваат Кајли Џенер: Нема да престанеме додека таа не престане да носи крзно
Кајли Џенер е позната по својата љубов кон природното крзно исто како и нејзиното семејство, исклучувајќи ја Ким, која престана да носи природно крзно. Тоа навистина ги лути активистите за права на животните кои се борат против употребата на природното крзно во модата, сметајќи го тоа за традиција на „кровопролевања и суровост“.
Сепак, активистите се чини отидоа еден чекор подалеку, па ја следеа Кајли на почетокот на оваа недела до продавниците за крзно во Беверли Хилс каде буквално јавно ја искритикуваа за купување вистинско крзно.
Роб Бенкс, еден од главните активисти, изјави за Дејли Меил: „Секоја личност што носи природно крзно е наша цел. Тука спаѓаат Кајли и нејзиното семејство (освен Ким која не носи природно крзно некое време), Џеј Ло, Ријана, Гага и други познати личности. Ние ќе ги следиме и јавно ќе ги навредуваме за поддршката на таквата суровост “.
Кајли не е баш позната како голема хуманитарка или љубител на планетата. Таа не одговори на обвинувањата и беше критикувана за лицемерие на почетокот на оваа година кога изрази тага за животните убиени во пожарите во Австралија, бидејќи само половина час подоцна се пофали со домашните влечки на Луј Витон направени од вистинско крзно.
Активисти за животни протестираа околу Кајли, велејќи дека таа се грижи само за себе, а не за планетата и животните. Како што наведуваат, тие планираат да го уништат угледот на секоја славна личност која носи природно крзно.
Роб исто така се „пофали“ и на својот Инстаграм профил дека јавно ја навредувал Кајли претходно оваа недела. Тој во објавата напиша: „На оваа себична жена која заработува половина милијарда долари годишно, не и треба вашата поддршка. На животните им е потребна, тие страдаат секој ден поради луѓе како Кајли. Нивното крзно се вади додека се живи, страдаат за време на целиот краток животен век. Помогнете им на животните, а не на Кајли Џенер “.