Алармантно предупредување од СЗО: Бројот на заболени во Европа е поголем од врвот на бранот во март
Експертите велат дека пред вас е „многу сериозна ситуација“
Неделните инфекции од коронавирусот во Европа сега се повисоки отколку на врвот на бранот во март, предупреди Светската здравствена организација.
„Пред нас е многу сериозна ситуација. Неделните случаи ги надминаа оние кои ги забележивме кога пандемијата за првпат го достигна врвот во Европа во март“ - рече д-р Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.
Според неговите зборови, минатата недела бројот на заболени во регионот ја надминал бројката од 300.000, а повеќе од половина од европските земји пријавиле зголемување од повеќе од 10% во последните две недели.
„Од тоа седум држави забележиле дека новопријавените случаи се зголемиле за двојно во исто време“ - истакна тој.
Клуге додаде дека во пролетта и почетокот на летото го видовме влијанието кое го имаа строгите карантински мерки.
„Нашиот труд и нашата жртва се исплатеа. Во јуни случаите достигнаа најниско ниво. Меѓутоа, во септември бројот треба да послужи како „повик за будење“ на сите нас“ - заклучи.