Албанците собираат потписи против концертот на Горан Бреговиќ: „Тој е инспиратор на масакрот во Косово“

Албанците собираат потписи против концертот на Горан Бреговиќ: „Тој е инспиратор на масакрот во Косово“

Објавена во: Живот // Живот

По неколку дена пишување за доаѓањето на еден од најголемите уметници на овие простори, Горан Бреговиќ, на фестивалот на пивото во албанскиот град Корча, и масовниот отпор против него, започна онлајн петиција против доаѓањето на овој познат музичар на светска кариера.

Петицијата беше иницирана од извесна Албана Р. Улај, и многу брзо беа собрани повеќе од 3.000 потписи.

Петицијата ги содржи истите обвинувања кои што објавуваа медиумите во Приштина претходните денови, дека Горан Бреговиќ бил „инспиратор на масакрот во Косово“, „идол на убиствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија“, додавајќи дека Бреговиќ „го разбудил српски национализам“ и тоа со зборови од песната „Калашников“ „келло“, „јуриш“ и „бум, бум, бум“.

Според локалните медиуми, организаторите веќе доставиле документ до локалната полиција со кој се најавува протестот.

Заменик -градоначалничката на Корча, Бениjа Терова не е премногу загрижена за тоа, и рече дека Горан Бреговиќ го потврдил своето доаѓање на фестивалот на пивото во тој град на 22 август, но исто така посочил дека нема да го откаже својот настап.

„Нема причина да не настапи. Чест ни е што сме домаќини, а колку што знаеме, тој никогаш не се позиционирал против Албанците или Косоварите“ - рече Терова.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: