Алекса три години ја растел својата коса за да ја донира за деца болни од рак: „Честитки, дете, капа долу“

Алекса три години ја растел својата коса за да ја донира за деца болни од рак: „Честитки, дете, капа долу“

Објавена во: Совети // Другарство

Велат дека децата имаат најчисти души и дека сите треба да се угледаме на нив, а доказ за тоа е Алекса Драгиќевиќ (14). Алекса дури три години ја растеше својата коса за да донира за изработка на перики за деца болни од рак.

Вујкото на Алекса починал од рак, па тој уште како многу млад станал свесен за оваа опасна болест и решил да помогне колку што може.

За неговиот храбар потег се дозна, бидејќи на Инстаграм профилот frizerski_salon_vr е објавено видео од фризерот како си ја потстрижува косата.

„Многу емотивна приказна, но тешко е да се каже со зборови... Голема благодарност до Алекса што ја донираше косата за да направи перики за деца кои боледуваат од рак“, стои во описот на видеото.

На почетокот на видеото Алекса има долга коса, а потоа веќе во следната снимка позира со косата во рака.

Видеото привлече големо внимание кај јавноста и сите беа воодушевени од Алекса.

„Честито малечко, капа доле“, „Насмевката многу зборува и неговата желба да помогне на свој начин. Благодарам Алекса“, „Дете..., честитки“, беа само дел од коментарите.

Фото: Инстаграм
Извор:Zena.blic.rs


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: