Александра Пријовиќ била жртва на врсничко насилство: Не ме тепаа, но ме малтретираа психички
„Не ме тепаа, но ме малтретираа психички“ - откри пејачката...
Пејачката Александра Пријовиќ денес е една од најпопуларните лица на српската јавна сцена, меѓутоа, на почетокот на кариерата, воопшто не ѝ било лесно.
Имено, Александра во една прилика призна дека во училиште, поминала низ еден вид врсничко насилство, бидејќи сакала да се занимава со пеење.
„Не ми беше лесно. Ова на никој досега не сум му го кажала, но бев жртва на децата во училиште. Не ме тепаа, но ме малтретираа психички“ - ја започна својата исповед таа.
„Ме понижуваа, ме нарекуваа сирота и певаљка. Ми велеа: „Не е ништо подобра од мајка ѝ певаљка“. Се шегуваа на моја сметка на сите начини. Во училиште, по секој мој настап, ги носеа снимките и ги пуштаа. Се смееја на цел глас, сѐ слушав и гледав. Верувајте дека во тие моменти ми се кинеше срцето“ - кажа таа и нагласи дека сега истите тие деца сакаат да ѝ бидат пријатели.
„Се јавуваат, ми пишуваат на Фејсбук и ме поддржуваат. Сега сум им слатка, убава, мила и драга. На сите им одговарам на пораките, но немам заборавено како ме малтретираа“ - истакна своевремето Александра за „Hello“.
фото: Принтскрин / Инстаграм