Александра Пријовиќ повеќе нема да глуми пред камерите: За мене тоа беше шок

Александра Пријовиќ повеќе нема да глуми пред камерите: За мене тоа беше шок

Објавена во: Живот // Живот

Сите имаа можност да ја видат Александра Пријовиќ во улогата на пејачка во една српска серија...

Ова е беше прво вакво искуство пред камера, но и последно. Иако порано изјавуваше дека ѝ „било малку непријатно кога е актерството во прашање“, но дека е „задоволна со снименето и коментарите на гледачите“, пејачката сега за „Grand News“ вели дека во иднина нема да ја гледаме во серии и филмови.

„Не бев за тоа да глумам, но ме убедија. Беше преубаво искуство, многу работи научив, но повеќе не би прифатила ниту една улога, бидејќи јас сум пејачка, а не актерка“ - кажа Пријовиќ.

Снаата на Брена своевремено кажа дека најтешко ѝ било да ја сними сцената испрашување бидејќи „не можела да запомни толкав текст“, но и откри што за неа бил најголем шок.

„Кога се договоривме дека ќе глумам во серијата, ми стигна текстот кој требаше да го причитам. И кога го погледнав, таму пишуваше „страствен бакнеж“. И јас кажан: „Нема шанси“, на што Филип ми кажа: „Зошто да не, што има врска!“. Секако, се шегуваше. Јас секако не би го направила тоа, мене би ми било срам. Не знам како би го поднела мојата баба кога би го видела тоа, мислам дека би ме убила“ - кажа таа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: