Александра Пријовиќ, снаата на Лепа Брена дел од 4-тата сезона во „Убице мог оца“
Провокативни сцени, пејачка и девојка на мафијаш- српската турбо фолк ѕвезда успешно се испроба како актерка во најгледаната криминалистичка серија на Балканот. “Убице мог оца“ на Пријовиќ и донесе и дополнителна слава. Запотребите на серијата ја сними насловната нумера за четвртата сезона “Дугујеш ми два живота“ која стана еден од нејзините најголеми хитови.
Пријовиќ го игра ликот на Мила, девојка на Бранислав - Бане Томашевиќ, лик од подземјето Миша Зворник кој токму поради неа публиката ќе ги види повеќе позитивни и емотивни страни на неговиот лик.
Миша Зворник влезе во втората сезона од задната врата како еден од 30 или 50 улоги и успеа да и се допадне на публиката до толку, да биде меѓу најпрепознатливите ликови во таа серија.
Актерот Томашевиќ за Пријовиќ вели дека е одличен професионалец и одлично ги одиграла сите сцени, а кога требала да пее, таа едноставно доминирала и никој не може да и парира. Во серијата Пријовиќ ја гледаме и во интимни сцени, но по барање на пејачката и во договор со продукцијата сѐ е намалено , умерено и пристојно, а голема помош имала токму од актерот Бане.
За пејачката најтежок дел од снимањето бил текстот кој морала да го научи за сцената “испрашување“-тоа за неа едноставно било премногу текст!
Поддршка за актерството, Пријовиќ добила и од Лепа Брена, која во екот на воздигнување на својата кариера глумеше во југословенските класици ,,Тесна кожа“ и ,,Хајде да се волимо“.Но, Пријовиќ нагласила дека повеќе не би се впуштала во тие води, затоа што таа пред се е пејачка.
Четвртата сезона не само што конечно затвора многу врати што останаа отворени од првата сезона, туку е и убедливо најполната акциона и напната сезона досега.
Конечно е ставен крај на убиството кое главните ликови го решаваа во првата сезона. Главниот лик Александар Јаковљевиќ конечно ја дознава вистината за убиството на неговиот татко, иако ова е само почеток на разоткривањето на таа мистерија. Исто така, оваа сезона Александар ја добива функцијата началник за наркотици, со што самиот си ја става главата на трупец во целата војна што се води меѓу нарко клановите, во која се вмешани директорот на полицијата Марјановиќ и началникот на полицијата Обрадовиќка.
Главните улоги ги играат Вук Костиќ, Марко Јанкетиќ, Тихомир Станиќ, Нина Јанковиќ Дичиќ, Миодраг Радоњиќ , Славко Штимац...
Четирите сезони од најгледанта регионална крими серија се достапни на првата македонска стриминг платформа Gley. До содржините на Gley може да пристапите преку апликациите за вашиот Smart TV, мобилен, таблет и компјутер како и за MaxTV приемниците.
* ПР - објава