Амбер наводно го тепала Илона Маск: Фотографии од него во модринки кружат на социјалните мрежи (ФОТО)
Амбер Херд наводно го претепала поранешното момче
милијардерот, Илон Маск, а неговите фотографии со наводни модринки на главата
во последните денови ги преплавија социјалните мрежи.
Последните денови социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од милијардерот Илон Маск, со наводни модринки на главата, кои наводно му ги нанела Амбер за време на нивната кратка романса.
Since y'all don't worry about the bruises on Johnny Depp, will y'all worry about the bruises Elon Musk had when he was dating Amber Heard? pic.twitter.com/2S8UWvIf9G
— aya| day 20 (@this_safe_place) April 27, 2022
Маск се заљубил во Херд додека нејзиниот развод со Деп се‘ уште траел, а за прв пат се разделиле во 2017 година поради преполни распореди.
Следната година се помириле, но ни тогаш не успеале. Илон тогаш заплакал за актерката во интервју за списанието Ролинг Стоун.
- Само што се раделив со девојка. Бев многу заљубен и сега сум многу повреден. Таа повеќе ми раскина отколку јас со неа, мислам. Бев многу депресивен и морав да се трудам да не изгледам така – открил во едно интервју најбогатиот човек на светот.
Набрзо протекоа тврдењата дека Амбер живее на негова сметка, и дека е многу манипулативна и насилна, како и нејзините пораки во кои признава дека никогаш навистина не го сакала Маск, туку ја „пополнувала празнината“ и „ја ублажува тагата“.
За потсетување, актерот Џони Деп ја тужеше актерката за клевета од неверојатни 50 милиони долари, а тужбата е веројатно една од најголемите славни сапуници на сите времиња, бидејќи гледачите ширум светот го гледаат судењето на славната двојка.
Голем дел од јавноста застана на страната на актерот бидејќи Херд неколку пати беше фатена како лаже, а адвокатите на Деп се обидуваат да докажат дека нивниот клиент никогаш физички не ја нападнал поранешната сопруга, туку дека сето тоа било лага. Истото го тврдат и нивните соседи, кои истакнале дека Амбер никогаш не ја виделе во модринки, додека Деп го виделе.
Фото: Твитер/screenshoot