Ана Бекута расплакана прима сочувство на погребот на Милутин Мркоњиќ: Последно збогување со Мрка (ВИДЕО)

Ана Бекута расплакана прима сочувство на погребот на Милутин Мркоњиќ: Последно збогување со Мрка (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Погребот на Милутин Мркоњиќ, кој почина на 27 ноември по лавовската борба со тешката болест, е организиран денес, 2 декември, на Новите гробишта во Белград во Алејата на заслужни граѓани. По комеморацијата која беше одржана во негова чест, бројни познати личности на чело со Ана Бекута се упатија на гробиштата. 

Пејачката, испиена од тага, примала сочувство и гледала само пред себе, со заштитна маска на лицето.

Ана и Мрка, инаку, последната речиси цела деценија ја поминаа во голема љубов. На комеморацијата таа седеше со синот и внуците и цело време плачеше дека го нема повеќе.


Ивица Дачиќ, кој одржа говор на комеморацијата, рече дека Мрка ќе биде погребан со песната „Чубура“ на Беки Бекиќ, додека хармоникашот Александар Софронијевиќ ќе ја свири за време на поворката. Своевремем, кога Бекиќ ја запеа оваа песна во живо кај Јелена Бачиќ Алимпиќ, Мркоњиќ се расплака бидејќи се сети на својата мајка кој починала.

Бекута на погребот исто така дојде во придружба на синот и внуците Соња и Бранко и донесоа голем венец.


Од познатите, последно збогум дојдоа да му упатат Марко Роквиќ, Михајло Шаулиќ, Мира Шкориќ, Ацо Пејовиќ и многу други.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: