Ана Франк од Русија: Се викала Тања, пишувала дневник и доживеала морничава судбина која не ја заслужува ниту едно дете

Ана Франк од Русија: Се викала Тања, пишувала дневник и доживеала морничава судбина која не ја заслужува ниту едно дете

Објавена во: Живот // Живот

Скоро па и да нема личност на светот која не знае која била Ана Франк и што пишува во нејзиниот дневник. Трагичната судбина на девојчето кое војната ја поминало криејќи се на таван во Амстердам пред, заедно со семејството да биде откриена и испратена во логор, им даде лице на милиони безимени жртви и стана глобално позната. А, дали сте слушнале за Тања Савичева?

Иако сите знаат за дневникот на Ана Франк постоел уште еден, помалку познат детски запис за германската окупација за време на Втората светска војна! Иако можеби не е толку детален како на Ана, дневникот на Тања Савичева не е помалку емотивен! Тој и денес служи како потсетник на стравовите кои ги проживувале цивилите во окупираните зони за време на фашистичката инвазија, пишува istorijskizabavnik.rs.

Ова е нејзината приказна...

Опсада на Ленинград

Татјана Николајевна Савичева била советска девојка. Нејзиниот живот пред војната не се разликувал многу од животот на милиони руски деца. Нејзиниот татко починал кога таа имала шест години, па нејзината мајка останала сама со пет деца - девојчињата Тања, Евгенија и Нина и момчињата Михаил (Маша) и Леонид (Љока).

Семејството планирало летото 1941 година да го помине на село, но нападот на Советскиот сојуз на 22 јуни ги спречил во тоа. Сите освен Миша, кој заминал порано, решиле да останат во Ленинград. Токму оваа постапка ќе се покаже како кобна за семејството.

Семејството ѝ помагало на советската војска - Марија шиела униформи, Љока работел како дизајнер во Министерството за воена морнарица, Жења во фабрика за муниција, Нина во изградбата на одбараната на грљадот, а вуковците Васја и Љоша во воздушната одбрана. Тања, која имала само 11 години, копала ровови.

Неколку дена откако Нина едноставно не се вратила од работа, мајка ѝ на Тања ѝ ја дала тетратката на нејзината сестра. Девојчето го искористило тоа за да почне да пишува мал дневник. Претходно Тања имала вистински, пообемен дневник, но го запилила кога немале ништо друго за да се згреат.


Незамислива трагедија

Секој ден, сестра на Тања, Евгенија, станувала пред зори. Пешачела неколку километри до фабрикката во која се произведувале нагазни мини, работејќи во две смени. Освен тоа, таа дарувала крв. Како резултат на сето тоа, нејзиното тело ослабнало, па таа починала во фабриката на 28 декември 1941 година.

Кратките записи кои Тања ги пишувала во својот дневник го покажуваат целиот ужас со кој се сретнала почнувајќи од тој ден:

„Жења умре на пладне на 28 декември 1941 година. Баба умре на 25 јануари во 13 часот во 1942 година. Љока почина на 17 март во 5 часот наутро во 1942 година. Вујко Васја почина на 13 април во 2 часот по полноќ во 1942 година. Вујко Љоша почина на 10 мај во 16 часот во 1942 година. Мама почина на 13 мај во 7:30 часот наутро во 1942 година. Сите умреа. Тања остана сама.“

Во август 1942 година, Тања станала едно од 140-те деца спасени од Ленинград и однесени во селото Красни Бор. Била потполно сама, изгладнета и очигледно во шок. Зборувала малку, а јадела уште помалку, иако ѝ била потребна храна.

Анастасија Карпова, учителка во тамошниот дом за деца без родители, испратила писмо до братот на Тања, Михаил, во тој момент нејзиниот единствен жив роднина:

„Тања е жива, но не изгледа здраво. Докторот кој ја посети вели дека е многу болна. Потребен ѝ е однос, посебна нега, добра исхрана, подобро опкружување, и пред сè мајчинска грижа“.


Во мај 1944 година, поради влошување на состојбата, Тања била испратена во болницата во селото Шатки, каде умрела еден месец подоцна, на 1 јули поради цревна туберкулоза.

фото: Принтскрин / Wikipedia 

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: