Ана Курникова објави видео од своите деца: Нејзините обожаватели не го кријат воодушевувањето, а еве што коментираат
Преубавата тенисерка и еден од најголемите заводници се заедно скоро 20 години...
Некогашната руска тенисерка, Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас се запознаа одамна на снимањето на спотот за неговата песна „Escape“.
Од тогаш нивната љубов цвета, а семејството им се прошири за уште три члена. Откако запловија во врска, оваа популарна двојка ја носи титулата за една од најубавите двојки на светот.
Тие не сакаа да се експонираат во јавноста, а скоро никогаш не можеше да се слушне дека нивниот брак го потресуваат некакви скандали. Тоа е она на што многумина им завидуваат.
И покрај тоа што имаат многу успешни кареири, и двајцата се трудат на своите деца да им обезбедат доволно љубов и внимание и да ги поштедат од сите лоши работи кои ги носи популарноста.
Нивните деца до скоро немавме можност да ги гледаме често во јавноста, но среќната мајка сега почесто споделува интересни фотографии или видеа, на кои се гледаат нивните наследници.
Така беше и неодамна, кога објави видео на кое се гледаат трите дечиња додека возат автомобил на акомулатор.
Воодушевените следбицните на руската тенисерка ја коментираа оваа објава, на која дечињата не ги тргаат насмевките од лице.
Она што на многумина им падна во очи е дека девојчињата навистина многу личат на мајка им, а момчето на татко му.
фото: Принтскрин / Инстаграм