Анастасија доби возачка дозвола, а сега е познато и дали ги почитува сообраќајните правила: Еве каков „бесен“ автомобил вози (ВИДЕО)
Анастасија е сопственик на луксузен џип, кој наводно чини 40.000 евра...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ неодамна доби возачка дозвола, а веднаш потоа си купи и нов автомобил. Сега, неколку недели подоцна, екипата на „Папарацо лов“ ја улови за време на едно возење.
Таа излегла од паркингот на семејната куќа, а на сувозачкото место бил нејзиниот тетин, сопругот на Лидија Оцокољиќ, кој најверојатно ѝ помага да се ослободи за време на возењето.
Анастасија е сопственик на луксузен џип, кој наводно чини 40.000 евра. Инаку, за време на возењето не направила ниту една грешка и за целото време ги почитувала сите правила и прописи.
фото: Принтскрин / Инстаграм