Анастасија е виновникот за љубовта помеѓу Вељко и Богдана: Погледнете како започнало сѐ

Анастасија е виновникот за љубовта помеѓу Вељко и Богдана: Погледнете како започнало сѐ

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката, уште на венчавката на својот брат призна дека таа ги запознала со Богдана и дека е пресреќна што помеѓу нив се родиле емоции...

Анастасија Ражнатовиќ, која инаку е многу активна на социјалните мрежи, овој пат ги воодушеви своите следбеници со видео кое е направено пред три години. Тогаш, таа ја запознала својата сегашна снаа Богдана Ражнатовиќ, со која тогаш сними видео за спомен.


Инаку, на венчавката на Богдана и нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ, Анастасија пред медиумите призна дека токму таа ги запознала и ги поврзала.

Денес двајцата уживаат во среќен брак и го имаат наследникот Жељко.

„Ја видов Богдана и ѝ пријдов и ѝ реков дека е убава и дека сметам дека е одлична девојка за мојот брат. Таа ми рече дека дури не го ни познава и јас ѝ реков дека ќе ги запознаам. Богдана прво го одби Вељко, тој беше навикнат сите да паѓаат пред неговите нозе. Јас навистина бев кума, тие првпат се бакнаа во „Хајат“ и никогаш не се разделија. Плачев како дожд во црква, кога ја видов во таа венчаница, сè ми беше размачкано, тоа беа солзи радосници, бев многу емотивна“ - рече Анастасија, која ја пронајде љубовта на нејзиниот брат, за што е зошто е неизмерно среќна.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: