Анастасија ги спакува куферите и замина: Сите мислат дека се сели кај Гудељ (ФОТО)
Во јавноста се зборуваше дека пејачката одлучила да ги спакува куферите и да се пресели во Шпанија за да започне заеднички живот со својот избраник...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ замина во Шпанија, а за бројот куфери кои ги објави на својот Инстаграм профил зборуваат сите.
Имено, Анастасија ја потврди својата нова врска и љубов со фудбалерот Немања Гудељ, па така двојката повеќе не се крие од камерите и отворено ја покажува својата љубов.
Откако беа уловени во центарот на Белград, во јавноста се зборуваше дека пејачкта одлучила да ги спакува куферите и да се пресели во Шпанија, за да започне заеднички живот со својот избраник.
Анастасија на својот Инстаграм сподели видео, кое го има направено на аеродромот во Мадрид, а бројот на куфери само ги загреа сомнежите дека се сели кај Немања, меѓутоа, вистината е сосема поинаква.
Имено, Анастасија со своето момче, пријателите и некои членови на неговото семејство, ќе патува на Ибица, каде ќе престојуваат некое време, пишува „Курир“.
фото: Принтскрин / Инстаграм