Анастасија го пушти гласот: Испеа еден од најголемите хитови на Цеца (ВИДЕО)
Михајло Шаулиќ, козулот на Србија во Цирих и син на покојниот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ се ожени во неделата, а прославата се одржа во еден престижен хотел во Белград.
Повеќе од 400 гости славеа за љубовта на младенците, а на свадбата, освен ликови од естрадата, присуствуваа и многу политичари.
Помеѓу останатите, на свадбата беа и Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка Анастасија, која ги воодушеви гостите кога се фати за микрофонот.
Ражнатовиќ ја отпеа песната „Наговори“, која е еден од најголемите хитови на Цеца, а која му ја посвети на младоженецот.
фото: Принтскрин / Инстаграм