Анастасија и Гудељ заминаа на првиот заеднички одмор: Уживаат во преубавите плажи и лудите забави (ВИДЕО+ФОТО)
Пејачката и фудбалерот посакаа малку да избегаат од градскиот метеж, па заминаа на нивниот прв заеднички одмор...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ отпатува во Шпанија од каде што со своето момче, Немања Гудељ заминаа на Ибица.
Пејачката и фудбалерот посакаа малку да избегаат од градскиот метеж, па заминаа на нивниот прв заеднички одмор.
„Моментално немаат деловни обврски, па одлучија да одат на море. Ја одбраа Ибица бидејќи има преубави плажи, а и одлични забави, по што овој остров е надалеку познат“ - изјави изворот за српските медиуми.
Имено, ова патување фудбалерот ѝ го подари на Анастасија за роденден, која се врати во Белград со целото свое семејство.
„Тоа беше еден од подароците, додека другиот беше портретот на кој се таа и нејзиниот татко, Жељко Ражнатовиќ Аркан, што многу ја разнежни пејачката“ - вели изворот за Информер.
фото: Принтскрин / Инстаграм