Анастасија и нејзините братучетки првпат патувале со воз, пред смртта направиле селфи: Од пораката ќе ве полазат морници
Колку се радувале на оваа авантура говорат и сторињата на нивните профили на Инстаграм, каде објавувале фотки на кои се насмеани, но и видеа од возот...
Цела Грција тагува за жртвите од стравичната несреќа, која се случи во вторникот вечер, кога кај Лариса се судрија патнички и товарен воз.
Во сударот настрадани се најмалку 47 личности, а спасувачите и понатаму ги пребаруваат смачканите вагони и подрачјето околу пругата за ги пронајдат исчезнатите и да ги извлечат телата на настраданите.
Помеѓу жртвите главно се млади луѓе, на возраст од 20 до 30 години, кои по празниците се враќале на факултет и работа во Солун. Во еден од вагоните на смртта биле и Анастасија Плакија и нејзините братучетки, близначките Томи и Криса, кои по викендот со семејството во Каламбака се враќале на факултет.
Родителите на настраданите девојки, браќата Никос и Димитрис, по вестите за сударот веднаш заминале во Лариса за да дознаат што се случува со нивните ќерки. За жал, со помош на ДНК анализа девојките биле идентификувани, а на татковците им било кажано дека за нив немало спас.
За трагедијата да биде уште поголема, сестрите се радувале на ова патување, бидејќи за првпат некаде оделе со воз. Досега во градот секогаш се враќале со автобус или родителите ги носеле со автомобил.
Колку се радувале говорат и сторињата на нивните Инстаграм профили, каде објавувале фотографии на кои се насмеани.
Во едно од кратките видеа се гледаат безгрижните девојки, несвесни каква трагедија ќе им случи.
„Можеби еднаш и ќе стигнеме до нашата дестинација“ - напишале во коментар на видеото.
За жал, околу 23 часот во вторникот вечер, возот во кој биле при брзина од 160 километри на час удрил во теретен воз кој доаѓал до спротивната насока. Од јачината на ударот првите три вагони излетале од шините и се запалиле.
Се стравува дека бројот на жртви не е конечен, бидејќи уште најмалку 10 луѓе се водат како исчезнати.
фото: Приватна архива