Анастасија и нејзините братучетки влегле во четвртиот вагон, но немало место: Потоа ја донеле фаталната одлука
Еден преживеан патиник од возот „Intercity 62“, кој во вторникот вечер се судри со теретен воз во Грција, раскажа за одлуката на трите братучетки - Анастасија, Томи и Криси, кои исто така патувале со возот.
Никос (28), кој седел во четвртиот вагон, за „Alpha“ кажал дека „памети три девојки кои влегле во вагонот и оставиле работи покрај него“.
Според неговите зборови, трите девојки, близначките Томи и Криси (20) и нивната братучетка Анастасија немале каде да седнат, поради што решиле да одат во кантината.
„Кажаа дека ќе одат да седнат во кантината додека не се ослободи некое место“ - се присети на нивните зборови Никос.
За жал, изгледа дека таа одлука ги чинела живот.
Приказната за трите братучетки кои се пронајдени мртви по сударот на возови во Грција го растажи целиот свет. Нивните тела се идентификувани со помош на ДНК анализа.
Студирале во Солун и одлучиле за време на продолжниот викенд да отпатуваат во родниот град.
За жал, сите три го изгубиле животот.
Никој кажал дека немало кочење пред сударот и дека сето тоа траело 10-13 секунди.
„Стаклата се скршини и на другата стран аод вагонот, ние имавме среќа, секаде имаше фрлени работи, настана паника, врескање“ - кажа тој.
Се присети дека не можеле да излезат бидејќи вратата била расипана. Успеале да да поминат низ една празнина.
„Од таму видовме дека третиот вагон веќе е во пламен“ - кажа тој.
Според последните податоци, во сударот меѓу теретниот и патничкиот воз во вторникот вечер, загинале најмалку 57 луѓе.
фото: Приватна архива