Анастасија, Новата година ја дочека со Гудељ: За момчето отпатува во Севиља (ВИДЕО)
Пејачката на Инстаграм се пофали со видео...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, оваа 2023 година ја дочека со своето момче, фудбалерот Немања Гудељ. Таа во неколку наврати истакна дека нејзиниот живот сега е на релација Севиља - Белград, и дека овие патувања воопшто не ѝ паѓаат тешко, туку дека ги смета за уживање.
Новата година ја дочека покрај своето момче во црн фустан со светки, а следбениците на Инстаграм ги почести со видео од нив двајца, па на тој начин стави точка на шпекулациите дека помеѓу нив се оладени односите.
Се пишуваше и дека пејачката е подготвена да го стави пеењето на пауза, само за да биде со Гудељ, а изгледа дека со овој потег го потврди тоа.
фото: Принтскрин / Инстаграм