Анастасија Ражнатовиќ без шминка и во широка облека: Најблиските секојдневно ја гледаат во вакво издание

Анастасија Ражнатовиќ без шминка и во широка облека: Најблиските секојдневно ја гледаат во вакво издание

Објавена во: Мода // Moj стил

По бројните заводливи фотографии од Дубаи, кои Анастасија Ражнатовиќ секојдневно ги споделуваше на својот Инстаграм профил, пејачката уште еднаш успеа да ги изненади своите следбеници.

Позната е како некој кој не се срами на публиката да ѝ го покаже своето природно издание, без шминка и скапа облека. Па така, Анастасија повторно доби голем број комплименти на сметка на својот изглед.

Таа на својот Инстаграм профил сподели моменти на кои позира без грам шминка и во широка, црна облека, а коментарите доаѓаа со брзина на светлината.

За потсетување, Анастасија неодамна проговори за заедничкиот живот со Ѓорѓе Куљиќ.

„Ништо не се промени, бидејќи сме константно заедно, откако официјално не се преселивме... Јас константно бев кај него во Нови Сад, тој постојано доаѓаше во Белград... Всушност, летово почнавме да живееме заедно, изнајмивме стан пред нашиот да биде готов. Летово повеќе бевме во Белград, па одлучивме да изнајмиме стан, бидејќи многу луѓе бевме дома, па да не правиме гужва, а и да бидеме сами“ - своевремено за „Блиц“ откри пејачката.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: