Анастасија Ражнатовиќ ги спакува куферите и замина во Мексико: Престојува на место каде одат холивудските ѕвезди
Кон средината на март, младата пејачка се врати од Малдивите, но сега повторно ги спакува куферите, па замина на одмор со женско друштво...
Анастасија Ражнатовиќ, по одморот на Малдивите, од каде се врати кон средината на минатиот месец, повторно ги спакува куферите и замина на уште една луксузна дестинација. Овој пат, во прашање е Мексико и тоа со женско друштво, а одморалиштето кое го избраа е многу познато и помеѓу холивудските ѕвезди.
На нејзиниот Инстаграм профил веќе се редат видеа од плажа, додека заедно со пријателките ужива во убавото време, коктелите и плажата.
Во Тулум, каде што често престојуваат светски познатите ѕвезди, според информациите кои може да се пронајдат онлајн, едно ноќевање во хотелот во кој престојува и Анастасија се движи од 500 до 1.150 долари.