Анастасија Ражнатовиќ ги засени светските познати ѕвезди: Во свечена жолта тоалета, како вистинска хуливудска дама (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ ги засени светските познати ѕвезди: Во свечена жолта тоалета, како вистинска хуливудска дама (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерката на познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ негува многу префинет моден стил.

Сака опуштени изданија, но кога приликата тоа го бара, знае да истакне модерни и атрактивни парчиња облека.

Анастасија неодамна се појави во издание на облека во која не одолеа веднаш да сподели фотографии со следбениците на социјалните мрежи.

За таа прилика таа облече долг жолт фустан со гол грб.

Фустанот имаше длабок отовр што ги откриваше нејзините витки нозе. Косата ја подигна во висока опашка, која даваше примеси на елеганција и одлично го вклопи овој прекрасен фустан со гол грб.

Целиот аутфит го комплетираше со едноставни и ефективни обетки, кои блескаа на нејзините уши. Сепак, она што го привлече вниманието на сите се прекрасните жолти сандали со високи потпетици кои имаа две тенки прерамки околу глуждовите.


Младата пејачка ја задржа насмевката на лицето, а на ваквата модна комбинација би и позавиделе светски познатите ѕвезди.


извор:GLOSSY

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: