Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Куљиќ донесоа голема одлука: Ова е местото за новиот почеток
Селењето на Анастасија Ражантовиќ и Ѓорѓе Куљиќ се планира на големо, па така двојката наскоро ќе ја промени адресата на живеење.
Младата ѕвезда Анастасија и порано истакна дека животот во Нови Сад и годи и дека ја сака енергијата на овој град, која е поинаква од оние на кои е навикната.
„Животот се одвива многу побавно отколку во Белград, што им пречи на многумина кога првпат ќе дојдат, а мене тоа ми е голем плус. Белград е значително поголем, побрзо се живее, за ништо се нема време“ - рече Анастасија тогаш.
Меѓутоа, дојде време за голема промена, бидејќи популарната двојка планира да се пресели во престолнината, а ова ексклузивно го дозна магазинот „Hello“.
По четири години љубов одлучија да имаат свој дом и да купат стан во центарот на Белград.
Избраа простран стан во луксузниот комплекс во близина на Калемегдан и сега заедно ги смислуваат сите детали за својата оаза. Со помош на архитекти го планираат новиот животен простор кој ќе биде по нивен вкус. Селењето се планира веќе неколку недели и двајцата се многу возбудени поради овие промени.
Иако се трудат деталите од својот приватен живот да не ги експонираат во јавноста, оваа убава вест не можеа да ја сокријат.