Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ заминуваат од Србија: Во оваа земја ќе започнат заеднички живот, откриена е причината за селидбата
Пејачката ќе се труди да не ја запостави кариерата, како и редовно да ги гледа своите најмили...
Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ веќе неколку месеци уживаат во љубовната врска, која сега, судејќи по сѐ, ќе ја кренат на едно повисоко ниво. Имено, како што пишуваат домашните медиуми, пејачката и фудбалерот наскоро, поради неговиот нов ангажман ќе се преселат во Турција, поточно на Босфор, каде ќе започнат заеднички живот.
Имено, спортистот доби прекрасна понуда од еден фудбалски тим, а неговата драга ќе оди со него, а тоа сведочи за нивната голема љубов и меѓусебна поддршка.
„Гудељ доби понуда од Севиља да премине во редовите на актуелниот турски шампион, екипата Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, преговорите моментално се во тек, и е многу веројатно дека поради деловните обврски, Немања следната сезона ќе се пресели на Црно море“ - ја започна приказанта извор за „Ало“, кој потоа откри дека со фудбалерот ќе замине и Анастасија.
„Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која ѝ раскажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и ѝ објаснил дека е најверојатно следната година ќе ја напушти Шпанија. Ја прашал дали таа е подготвена поради него да ги спакува куферите. Се договорија прво тој да замине за Турција, а кога ќе се смести и вклопи во средината, дека ќе му се придружи и Анастасија“ - откри соговорникот, кој истакна дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.
„Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за напредок во работата е потребно да поминува многу време во Белград, бидејќи сите соработници се таму и најдобро ќе ја води кариерата од Србија. Исто така, таа е многу поврзана за семејството, мајка ѝ, брат ѝ и внукот Жељко, и одлучи дека константно ќе биде на релација Белград - Турција, за да го поддржи момчето, но и да продолжи со сопствениот раст. Смета дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, таа беше свесна дека сериозната врска со фудбалерот со себе носи и одредени жртви и смета дкеа ќе успее да го следи тоа темпо на живот“ - заврши соговорникот.
фото: Принтскрин / Инстаграм