Анастасија Ражнатовиќ на ист начин ги оставила и двете момчиња: Пејачката ужива во слобода

Анастасија Ражнатовиќ на ист начин ги оставила и двете момчиња: Пејачката ужива во слобода

Објавена во: Живот // Живот

Преубавата пејачката е слободна, на ист начин зборуваше за двете свои момчиња...

Анастасија Ражнатовиќ ја раскина својата повеќегодишна врска со Ѓорѓе Кулиќ, а за крајот на нивната романса пишуваа сите медиуми, додека причините само се претпоставуваа. Пејачката истакна дека едноставно љубовта помеѓу нив згаснала и дека останале во добри односи.

Имено, Анастасиај пред таа врска беше во долгогодишна врска со Костадин Терзиќ, синот на генералниот директор на Црвена ѕвезда. Нивната врска прекина во 2016 година и таа романса беше многу интересна и многу се пишуваше за неа.

Она што е интересно е дека Анастасија скоро па идентично зборуваше за разделбата со Терзиќ, како што беше случај со Ѓорѓе.

„Немаше никакви кавги, се разделивме на најнормален начин. Останавме пријатели, а приказните за нашите кавги немаат врска со вистината. И понатаму имам убаво мислење за Констадин.“ - јасна беше Анастасија за српските медиуми, зборувајќи со сличен тон во кој денес го објаснува крајот на односот со Ѓорѓе, со кој ја прекина врската.

Да потсетиме, по врската со Анастасија, Терзиќ започна врска со Валентина со која се ожени и доби два сина.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: