Анастасија Ражнатовиќ направи промена во изгледот: Комплиментите не престануваат да доаѓаат
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ до пред неколку дена престојуваше на Малдивите, каде уживаше во сончевите денови и раскошот кој ја оркужуваше на секој чекор. Сега се врати во родната Србија, па најде време и да се посвети на себе.
Имено, таа направи еден многу популарен третман, а за истиот им се пофали на своите следбеници на Инстаграм.
Таа позираше со своите нови „веѓи“. Станува збор за модерниот и популарен третман, наречен „подигнување на веѓи“, а ефектот од третманот е и повеќе од видлив, бидејќи сега веѓите ѝ се поизразени.
На сметка на својот изглед веднаш доби многу коментари и комплименти.