Анастасија Ражнатовиќ никогаш поискрена: Тој е човек со сто лица

Анастасија Ражнатовиќ никогаш поискрена: Тој е човек со сто лица

Објавена во: Stars // Музика

Анастасија си ја отвори душата пред публиката...

Претходната песна ја објави пред седум месеци, а сега реши да ја израдува публиката со нов сингл. Младата пејачка и ќерка на една од најпознатите пејачки Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, ја објави новата песна која носи наслов „Убица“. Како што пее „Тој е човек со сто лица“, песната зборува за врската помеѓу двајца млади луѓе, која е испреплетена со разни драматични настани.

Судејќи по реакциите на обожавателите на социјалните мрежи, песната им се допадна многу, а некои од коментарите се: „Моќна песна“, „Оваа девојка заслужа месот на нашата естрада, спотот е исто така топ“, „Спотот е од друга планета“, „Најдобрата песна на Анастасија, хит, браво“.

Режисерот на овој краток музички филм е Александар Керекеш, а снимањето е реализирано во последните денови од 2021 година на неколку локации во Белград. Текстот на песната го потпишува Андријано Ајзи, додека на музиката работеа Албино и Jhinsen.


фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: