Анастасија Ражнатовиќ пристигна во Катар: Не се грижи за строгиот кодекс на облекување, туку ги диктира модните трендови за следното лето (ФОТО)
Анастасија Ражнатовиќ ќе помине неколку дена во Катар за да му даде поддршка на своето момче Немања Гудељ и да ја бодри српската фудбалска репрезентација.
Вечерва Србија го игра првиот натпревар на Светското првенство во фудбал што се одржува во Катар.
Вечерва од 20 часот Србија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Бразил.
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ќе биде меѓу гледачите кои ќе ги бодрат фудбалерите. Како што сподели на својот Инстаграм профил, Анастасија утрово пристигна во Катар, се со цел вечерва да ја бодри репрезентацијата и да му даде поддршка на своето момче Немања Гудељ .
Пејачката веднаш уживала во ресторан на врвот на облакодер, од каде се гледа прекрасна панорама на Катар.
Она што го привлече вниманието на сите нејзини следбеници е беспрекорниот тен и извајаното тело на Анастасија.
Исто така, можеме да кажеме дека Анастасија не обрнуваше многу внимание на строгиот дрес код во Катар, туку дека ја искористи приликата да ни покаже кој моден тренд ќе биде застапен следното лето.
Црниот краток топ над кој носеше сина раскопчана кошула апсолутно доминираше, а Анастасија целата комбинација ја заокружи со црна капа, покажувајќи ни дека секогаш изгледа беспрекорно во секој аутфит.
Како што претходно најави Анастасија, во Катар ќе помине неколку дена, а можеби и една недела, во зависност од успехот на српската репрезентација на Мундијалот.
извор:GLOSSY