Анастасија Ражнатовиќ во фармерките кои ќе ја одбележат сезоната: Има совршен предлог како да ги искомбинирате

Анастасија Ражнатовиќ во фармерките кои ќе ја одбележат сезоната: Има совршен предлог како да ги искомбинирате

Објавена во: Мода // In and Out

Анастасија Ражнатовиќ без соменж е една од најдобро облечените девојки на балканската јавна сцена...

Анастасија Ражнатовиќ е млада пејачка која важи за една од оние со најмногу стил. Иако има само 22 години, стана синоним за добар вкус, а со своите иновативни комбинации инспирира многумина.

Како и поголемиот број млади луѓе и Анастасија е поприлично активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде секојдневно споделува свои фотографии и со елегантните комбинации ги воодушевува своите следбеници.

Ќерката на познатата пејачката, Светлана Цеца Ражнатовиќ, стана препознатлива и единствена по модниот вкус и „око за детали“, така и овој пат одлучи моменталниот тренд - панталони ѕвонарки - да го прилагоди до својот сензибилитет.

Црното  сака и црната „бејзик“ маица ги искомбинира со овие тренди фармерки кои се како создадени за нејзината висина и линија. Имено, станува збор за фармерки со широки ногавици, кои таа одлучи малку да ги скрати, со тоа што ги подвитка. На тој начин допринесе виолетовите чевли да добијат уште поголем простор во оваа комбинација, која е за чиста 10 - ка.

Иако сме навикнати да ја гледаме во елегантни комбинации, овој пат младата Анастасија се одлучи да направи спој на лежерното и елегантното. Фармерките кои совршено ја истакнуваат нејзината витка фигура, малку пократката маица и блејзерот кој никогаш не излегува од мода, искомбинирани со чевли и чанта во различна боја изгледа и повеќе од урбано и шик.

Судејќи по сѐ, Анастасија без сомнеж, може да ни држи часови по стил.

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: