Анастасија Ражнатовиќ во опуштено издание и без грам шминка: Покажа како ќе патува до градот на светлината (ФОТО)
Младата пејачка ги воодушеви сите со изгледот...
Анастасија Ражнатовиќ ги воодушеви сите со видеото на кое позираше во опуштено издание и без грам шминка. Имено, таа се снимаше на белградскиот аеродром „Никола тесла“, пред да замине на деловно патување.
На себе носи црна јакна, а го сними и лицето во крупен кадар, иако на него нема ниту грам шминка.
Ражнатовиќ ќе патува во Париз, каде ќе го има својот прв закажан настап оваа сабота, во еден тамошен клуб.
Инаку, младата пејачка не настапува сама, туку таа ќе има свој блок, како и нејзиниот колега, раперот Слободан Вељковиќ Цоби.
фото: Принтскрин / Инстаграм