Анастасија се роди со 520 грама, ја собираше во една шака: Сега слави матура и праќа пораки на Јутјуб
Анастасија Петковиќ од Чачак е девојка која е родена пред 19 години во 26-та недела од бременоста со само 520 грама, а како што вели можело да ја собере во шаката на едната рака. Тогаш помина шест месеци на Институтот за неонатологија во Белград, благодарение на бескрајната љубов на нејзините родители и нивната верба во неа, девојчето од таа битка излезе како голем победник, како хероина.
- Имаше многу здравствени проблеми при раѓањето, но по шест месеци излегов од инкубаторот. Мајка ми подоцна ми кажа дека можела да ме држи во шака од што сум била малечка. За време на престојот во инкубаторот ми настрада видот и ми беше неправилно обликуван носот, но најважно е што ги надминав сите проблеми и преживеав - вели Анастасија за „РИНА“.
Откако ги надминала здравствените проблеми, се соочила со многу тешкотии во основното училиште бидејќи изгледала поинаку од нејзините врсници. Иако биле запознаени со нејзината ситуација, децата како деца многу често знаеле да се пошегуваат на нејзина сметка, и ја навредувале тоа понекогаш ѝ го кршело срцето.
- Имаше навреди кои ме повредија и не ми беше сеедно. Тоа во еден момент од моето воспитување ми предизвика недостаток на самодоверба, но најголемата поддршка и тогаш ми беа родителите кои во ниту еден момент не ми дозволуваа да подклекнам и да паднам. Со текот на времето станав поотпорна на сите навреди и задевања. Повеќе не дозволував нивните зборови да ме повредат и да ме попречуваат на кој било начин. И победив уште еднаш - вели оваа матурантка на економското училиште во Чачак, која за еден месец полни 19 години.
Таа го отвори своето искрено срце пред шест години кога го отвори својот канал на „Јутјуб“ под свое име и презиме. Таму ја раскажала својата животна приказна и доби голема поддршка, а нејзината популарност од ден на ден расте. Анастасија сака на тој начин да покаже како е можно да се надминат тешките ситуации и дека тие што се борат не се сами.
- Никогаш не се знае кој каква животна битка води, па ја споделив мојата приказна јавно и не очекував толку голема поддршка. Сето ова навистина многу ми значи, па затоа сум благодарна за секој лајк и секој следбеник. За мене ова е исклучително искуство кое ми помогна да пораснам - вели оваа храбра млада девојка.
По завршувањето на средното образование продолжува да инвестира во своето образование, па од следната учебна година е бруцош на Факултетот за медиуми и комуникации, насока дигитален маркетинг. Таа оди напред со голем и сигурен чекор, како и досега, а за ваков борец само небото е граница.
Извор: www.telegraf.rs / www.rina.rs