Анастасија во дресот на „белите орли“ го бодреше сопругот: Сите погледи беа вперени во неа
Српската фудбалска репрезентација синоќа во Гелзенкирхен беше поразена од Англија.
Сопругата на Немања Гудељ, Анастасија Ражнатовиќ го бодреше од трибините, а видеото го сподели на Инстаграм.
Анастасија беше облечена во дресот на српската репрезентација или како што ги нарекуваат „белите орели“, лесно нашминкана и расположена ја бодреше целата екипа која за жал беше поразена. Инаку, она што е особено интересно е што на трибините сите погледи беа вперени во г-ѓа Гудељ.
Инаку, Немања Гудељ на прес-конференција пред неколку дена, по повод Европското првенство, рече дека неговото семејство од трибините ќе ги поддржува него и репрезентацијата.
- Целото семејство ќе биде таму - кусо одговори Гудељ на прес-конференцијата, а потоа потврди дека на трибините ќе бидат неговата сопруга Анастасија, таткото, мајката, братот и сестрата.
Го научив шпанскиот јазик
- Во Севиља бев принуден да зборувам на шпански бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да naучам, претходно имав сознанија од теленовели, вели Анастасија и додава дека во Шпанија најмногу и недостига нејзината мајка, но и српската кујна:
- Најмногу ми недостига мајка ми, ние двете сме многу блиски. Ние сме како најдобри другарки и се што ми се случува јас прво и кажувам. Нон-стоп сме на видео повик. Ми недостигаат и ми недостигаат сармата, тетка ми Цоле секогаш ме изненадува кога доаѓам и ми прави сарма.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs