Анастасија во земјата на чудата: Ражнатовиќ изненади со својот изглед
Анастасија
Ражнатовиќ, ќерка на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, сними неколку модни
едиторијали пред да се впушти во музичките води, а се чини дека нејзината љубов
кон моделинг сè уште трае.
Таа објави неколку фотографии на својот Инстаграм за чии потреби се „маскираше“ како да излегла од цртаниот филм „Алиса во земјата на чудата“.
- Дали сум луда? Се плашам дека си, целосно си надвор од умот. Но, ќе ви кажам една тајна ... Сите најдобри луѓе се - Алиса во земјата на чудата - напиша Анастасија со неколку нејзини фотографии.
Сепак, она што многумина го забележаа е дека ова е првпат да ја видиме Анастасија како носи хулахопки во сино-виолетова боја.
Како ви се допаѓа ова нејзино издание?
Фото: Инстаграм/raznatovicanastasija
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Aнастасија Ражнатовиќ започна нов бизнис: Што е со пеењето?