(ФОТО) Aнастасија Ражнатовиќ започна нов бизнис: Што е со пеењето?
Анастасија Ражнатовиќ доби огромни симпатии од обожавателите, не само поради тоа што се докажа како добра пејачка, туку и затоа што гради кариера како успешна деловна жена, и покрај нејзините родители чии имиња се добропознати.
Имено, Анастасија создаде својата колекција на заштитни маски, а на нив има интересен натпис. „Оваа малечка е како камен“ (стих од нејзина песна) стои на црна маска, и според сите проценки, на многумина им се допаднаа маските кои излегоа во продажба денес.
Маските се продаваат по цена од 750 динари, односно околу 330 денари.