Андреј Ѓорѓиески: Бев темпераментен тинејџер, искрен со другарите и ја сакав Маја!
Оваа недела на тинејџерските години се потсетува Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК. Тој ни откри дека бил доста енергичен и темпераментен тинејџер.
„Бев темпераментен и енергичен млад момак. Учев во Средното музичко училиште „Илија Николовски - ЛУЈ“ отсек соло пеење. Во тој период имав пирс на веѓа и на нос и ги слушав Prodigy, Rage Agaist The Mashine, Korn, Body Count ...“, ни откри Андреј.
Тој се потсети и на другарите и на првата љубов.
„Бев многу искрен кон другарите и многу заљубен во мојата прва љубов Маја...“
Фото: Facebook