Андриана Лима сподели фотка од својата 103 - годишна баба: Еве од кој ја има наследено убавината

Андриана Лима сподели фотка од својата 103 - годишна баба: Еве од кој ја има наследено убавината

Објавена во: Живот // Живот

Познатиот модел Андриана Лима на Интернет сподели фотографија од својата баба со која е многу поврзана, но поради епидемиолошката ситуација не можела да ја види веќе некое време.

Покрај фотографијата, поранешната „српска снаа“ напиша емотивна порака:

„Поради короната една година не можам да се вратам во Бразил, да ја видам љубовта на својот живот, мојата баба Јулија. Овој април таа ќе наполни 103 години. Ми недостасува. Пренесете ѝ ги пораките полни љубов на мојата баба“ - истакна Лима.

Со овие зборови ги допре сите следбеници на Инстаграм и нејзината објава предизвика многу реакции.

Судејќи според фотографиите, јасно е дека и баба ѝ на Андриана изгледа феноменално, а со самото тоа е јасно дека нивната генетика по женска линија очигледно е добра, бидјеќи Лима изгледа како девојче.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: