Анџелина Џоли и нејзината ќерка полудеа по Дамјано Давид: Луѓето се шокирани од изгледот на оваа девојка (ФОТО)
Анџелина Џоли во саботата со својата 16-годишна ќерка Шарло Џоли - Пит беше на концерт на познатата италијанска група Менескин, кој се одржа во Рим.
На фотографиите од концертот се гледа дека добро си поминале, а од нив може да се забележи дека Анџелина била воодушевена додека ја гледала својата ќерка како се забавува.
Изгледа дека колку е постара Шајло, толку повеќе личи на својата мајка, а нивните црти на лицето се скоро па идентични. Имаат иста полна уста, идентична боја на очи, високи јаболкници, облик на глава... тешко е да се пронајде и некој најмал детаљ кој не им е заеднички.
Инаку, Анџелина Џоли, која ја основаше фондацијата „Maddok Jolie-Pitt“ во 2003 година и која често се занимава со филантропска работа со своите деца, во февруари беше на уште патување со Шајло, кога отпатуваа во Камбоџа.
„Неколку дена во Камбоца помеѓу топлите локални луѓе, и чувствувам дека душата ми се опоравува. Ова отсекогаш била посебна земја за мене и нашето семејство“ - напиша Џоли, која во 2002 година го посвои своето прв дете Медокс, токму од таа земја.
Шајло е ќерка на Анџелина и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Тие иста така ги имаат и уште 5 деца.
„Тие се прилично прекрасни луѓе, а бидејќи ги има толку многу, мислам дека имаат многу значајно влијание едни на други. Не е дека сум шеф на некој. Многу сум искрена кон своите деца и многу сум хумана кон нив“ - кажа актерката во октомври.
фото: Профимедиа / Принтскрин/Инстаграм