Анџелина Џоли со прво големо интервју по неколку години: Крвта се враќа во моето тело

Анџелина Џоли со прво големо интервју по неколку години: Крвта се враќа во моето тело

Објавена во: Живот // Живот

Холивудската актерка и една од најубавите жени на светот Анџелина Џоли во својот дом позираше за новата насловна страница на британското издание на магазинот „Вог“ и по долго време даде интервју во кое откри непознати детали поврзани со мајчинството и односот со нејзините деца.

Имено, 45 - годишната Анџелина, која изгледа фантастично, призна дека не се гледа себеси како традиционална мајка која останува дома со своите деца и дека мирното седење дома никогаш не и одело добро, како и дека сите шест деца и помагаат во мајчинството.

Актерката, која со поранешниот партнер и актер Бред Пит го има 19 - годишен син Медокс, 17 - годишниот Пакс, 16 - годишната Захара, 14 - годишната Шило и 12 - годишните близначки Вивиен и Нокс, заклучи дека нејзиното семејство некако ја излекувало и ѝ помогнало по неколкуте тешки години што останаа зад неа.

„Мирното седење дома никогаш не ми одеше добро. Иако секогаш сакав да имам многу деца и секогаш се замислував како Џејн Гудал, која истовремено патува по џунглата. Не го замислував тоа на некој традиционален начин. Се чувствувам како да ми недостасуваат сите вештини за да бидам традиционална мајка дома. Се снаоѓам затоа што моите деца се прилично издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа“ - рече Анџелина.

Убавата актерка се разведе од 57 - годишниот Бред во 2016 година, по две години поминати во брак, и дури 12 години во врска. По жестоката борба околу старателството над децата, тие денес тврдат дека имаат подобри односи во тој поглед, исто како и финансии.

Говорејќи за животот по разделбата, Анџелина истакна дека таа и Бред сè уште живеат блиску еден до друг.

„Сакав децата да бидат во близина на нивниот татко, кој е на само пет минути. Почувствував одреден притисок да се преселам тука“ - рекла актерката.

Таа исто така истакна дека сè уште размислува за развод од Пит.

„Не знам. Изминатите неколку години беа доста тешки. Јас се фокусирав на заздравување на нашето семејство. Крвта, која полека се топи како мраз, се враќа во моето тело. Се радувам на педесеттите години и чувствувам дека ќе направам уште еден чекор напред. Иако пред некој ден бевме на трамболина и децата ме предупредија дека треба да внимавам да не се повреди. И си помислив, Боже, нели е смешно. Јас бев актерка во акциони филмови, а сега моите деца ми велат да се симнам од трамболината затоа што ќе се повредам“ - ​​откри актерката.

Актерката призна дека во моментов не знае дали е целосно среќна, но инсистира на тоа дека има позитивен поглед кон иднината.

Актерката живее во пространа вила со шест спални соби и 10 бањи во Лос Анџелес, која претходно му припаѓаше на основачот на американското кино Сесил Б. Демил.

„Она што најмногу ми се допаѓа е што нема простор за забава, туку многу патеки и места за одење и размислување. Се чувствувам многу среќно за тоа што го имам во моментот“ - рече актерката.

Таа додаде дека верува во младоста кај луѓето и дека појасно може да ја види разликата помеѓу доброто и злото.

Анџелина за британскиот „Вог“ откри и што носи во својата чанта секој ден.

„Понекогаш имам голема торба за мајки и не можам да ви покажам што имам внатре бидејќи има сè што не е мое. „Мамо чувај ми го телефонот, ова, она...“. Внатре имам закуски, телефони, маици, книги, сè што можете да замислите. Ова е единственото нешто што остана од мене - очила за сонце, масло за лице, чоколадо и пенкало. Почнувам да мислам дека ми треба поинтересна содржина во чантата“ - се пошегува Анџелина и го заврши интервјуто.

фото: Profimedia/Zuma Press

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: