Анџелина Џоли тврди дека била жртва на насилство: Го обвини Бред Пит за малтретирање, а за сè ќе сведочат нивните деца
Актерката Анџелина Џоли е подготвена на судот да му ги достави доказите за семејното малтретирање во својата бракоразводна парница против поранешниот сопруг Бред Пит...
Холивудската, на многумина омилената двојка, Бред Пит и Анџелина Џоли се разделија уште во 2016 година, но официјално се разведоа пред само две години. Сепак, поранешните сопружници и понатаму се среде судски процес во кој се одлучува за прашањето поврзано со старателството над шесте деца.
Актерката Анџелина Џоли е подготвена на судот да му ги достави доказите за семејното малтретирање во својата бракоразводна парница против поранешниот сопруг Бред Пит, пренесуваат странските медиуми. Имено, како што се наведува, порталот „The Blast“, дошол до документите кои покажуваат дека актерката изјавиле дека е подготвена да ги изнесе новите докази за наводното семејно насилство кое се случувало во текот на нивниот двегодишен брак.
Двојката ги има заедничките деца Мадокс, Захара, Пакс, Шило и близнаците Нокс и Вивијен, а на судењето ќе се договара за старателството и финансискиот аранжман, поради што нивните најмали деца би морале да дадат исказ, доколку се согласат родителите за тоа.
Набрзо откако двојката поднесе барање за развод во 2016 година, откриено е дека Бред бил истражуван од ФБИ и социјалната служба во Лос Анџелес, по вестите дека во приватниот авион извршил „вербално и физичко насилство над своите деца“. Меѓутоа, подоцна беше ослободен од тие обвинувања.
Освен што детално го опишуваат тврдењето за семејсното насилство, документите покажуваат дека судот бара дозвола од двојката за Шило, Нокс и Вивијен да сведочат.
Во октомври минатата година, битката за развод наиде на друга пречка откако актерката ја прекина соработката со еден од нејзините адвокати.