Ангелска фотографија покрај ликот на Стефан која крши срца: Приказната за неа е уште поемотивна

Ангелска фотографија покрај ликот на Стефан која крши срца: Приказната за неа е уште поемотивна

Објавена во: Живот // Живот

Едно дете настрада и сега е со ангелите. Невиното дете кое го преминуваше пешачкиот премин со помладиот брат и татко, детето кое сонуваше и мечтаеше, а кое почина поради невнимателноста на еден возач.

Стефан имаше само 10 години кога почина по сообраќајната несреќа на улицата „Маријан Грегоријан“ во белградската населба Карабурма. Стефан беше „покосен“ од Лазар Г., кој сега поради смртта на момчето се наоѓа во притвор. Солзите на лицата на членовите на семејството, но и кај пријателите, другарите и соседите, за момчето кое почина пред една недела се непресушни, а во негова чест, оние кои го сакаа, па дури и оние кои го познаваа, пишуваа песни, палеа свеќи, насликаа мурал со неговиот лик.

Желба да му оддаде почит на момчето имаше и едно девојче, 8-годишната Драгана од Обреновац, која сакаше да го посети местото каде што ова момче го изгуби животот и тоа со ангелски крилја.

„Драгана е многу емотивно дете кое имаше операција на срцето на само три години. Трагичната вест за момчето многу ја потресе. Кога слушна дека Стефан имал само 9 години, ми кажа: Мамо, па тој е само една година постар од мене. Претажно“ - вели Санела, мајката на Драгана и додаде:

„Со тоа сакавме да испратиме порака дкеа едно дете настрада и дека сега е со ангелите. Не смееме да дозволиме ова да се повтори на уште едно дете.“

Како што наведува, со ќерката ѝ отишла на местото каде што настрада Стефан за да им дадат поддршка на родителите на момчето, но и на сите луѓе кои со денови се собираат на Карабурма, барајќи правда за Стефан.

„Ние не го познаваме семејството на Стефан, дојдовме од Обреновац, а беше толку тажно, што воопшто не знам како издржавме да бидеме таму неколку часа. Многу беше потресно кога стигнавме до зградата на Стефан и кога неговата мајка ни се заблагодари што сме со неа“ - раскажа за „Телеграф“ оваа мајка.

Малата Драгана стоела пред муралот со ликот на малиот Стефан носејќи ангелски крилја, а така и настанала фотографијата која Санела ја споделила на Фејсбук со зборови упатени до момчето: „Ангелу, сега нека те чуваат ангелите. Почивај во мир. Знам дека не можеме да те вратиме, но овде сме само за тебе.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: