Анхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”

Анхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”

Објавена во: После „Школо“ // PR

Викендов во Дајмонд Мол во Скопје за првпат се одржа најголемото гејмерско доживување во Македонија „Level Up Experience“ организирано од технолошкиот гигант „Анхоч“ и онлајн медиумот „Комикс МК“. Гејмерите и фановите викендов успеаја да кренат уште еден левел!

Гејмерите ги засукаа своите ракави, ги загреаа своите мауси, тастатури, контролери и мобилни телефони, и дојдоа да ги покажат своите вештини и знаења во League of Legends, Street Fighter 6, Mario Kart 8, Brawl Stars и Pokemon Go. 

Ова гејмерско доживување не може да помине без дополнителни спектакуларни доживувања како што е возбудливиот Косплеј натпревар предводен од Ива Стојческа („Avi Cosplay“) со тематика инспирирана од анимираната хит-серија на Нетфликс „Arcane“.

Атмосферата за посетителите на настанот беше збогатена со прекрасна музика за која што беше задолжен „DJ Bono“.

Посетителите ги разбудија спомените и се навратија во детството со безвременскиот Ретро корнер каде можеше да се играат легендарни игри како „Doom (1993), PES (2004) и Tekken 3 (1997)“.

За фановите кои сакаат да шизат на подиум имаше „Shake It off“ корнер напојуван од аудио брендот JBL каде посетителите ги покажаа своите танцувачки способности и си добија награди!

И нормално, најголемата атмосфера ја направи еден од најпознатите водители и шоумени во Македонија, Марко Новески кој беше главниот водител на настанот со неговата непречена смисла за хумор, исто така имаше чест да додели голем број на подароци како гејминг периферија, хардвер, маички и сè останато.

Наградите беа обезбедени од брендовите White Shark, Genesis, JBL, Samsung, Natec, FunkoGram и Barner.

Нормално за гејмерите никогаш да не бидат гладни и жедни, тука беа Витаминка со Стоби Флипс и Пивара Скопје со Монстер, Кола Кола и Роса!

Фокус беше даден и на новите и млади стримери и контент креатори. 

На Level Up беа присутни двајцата стримери од „OrozzTV“, Никола Чингоски (Professor Chingo) и Николај Јанушевc (Clesny). Стримерите ја збогатија програмата со тоа што играа Returnal, Black Myth: Wukong, Marvel Rivals, Space Marines и Call of Duty.

Гејмерите сè почесто ги оставаат компјутерите и конзолите и се префрлаат кон уредите коишто ги имаат со себе цело време, а тоа се мобилните телефони. Па затоа на настанот имаше и турнир во мегапопуларната мобилна игра со слатките мали, но многу опасни борци „Brawl Stars“, организирано од „Brawl Stars Македонија“. Не треба да се потценува големината на некој херој, не се знае колку може да биде опасно.

Дополнително за фановите на мобилниот гејминг имаше „Pokemon Go“ натпревар организиран од најголемите промотори на Источно-Азиската култура во Македонија, „Пагода“. Вистинските ловци на покемони и борците, влегоа во арените и направија борби коишто ќе се паметат! Дополнително дечките организираа турнир во хитот на Нинтендо „Mario Kart 8 Deluxe“ каде се извозеа голем број на километри и голем број на трки. Сите возачи преживеаа иако на стазата имаше многу фрлени банани.

Тука беа и храбрите „тепачи“ кои ги измерија силите во Street Fighter 6 и приредија вешти комбинации на потези кои публиката ќе ги памети! Овој турнир беше организиран од македонската Discord заедница за тепачки игри, „RedFist Dojo“.

Најголемиот хит и најголемото доживување на настанот беше турнирот во мега-популарната видеоигра „League of Legends“ каде фановите уживаа во прекрасна игра и интензивни борби до самиот крај!

Во финалето се појавија тимовите на „Respawn Gaming“ и тимот на Македонската Е-Спорт организација „Void E-Sports“. До последен момент на жустра борба, многу шетања низ џунгла, многу тенкања, на крајот тимот на Respawn Gaming се избори и стана шампион во League of Legends на „Level Up“, а третото место го освои тимот на Asylum.

Овој викенд Скопје и Македонија добија уште едно гејмерско доживување коешто ќе се памети долго и коешто има за намера да стане традиција и да се случува сè почесто.

Гејмерите и фановите на гиковската култура се желни да има вакви настани во текот на целата година, а неуморните организатори Анхоч и посветените соработници Комикс МК  се тука да ги направат тие желби реалност!

Level Up - Одиме на следниот Левел! 

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: