Анимирана серија за Меган и Хари: Сатиристичниот приказ на кралското семејство ќе биде хит, а на нив сигурно нема да им се допадне
Принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат сатирично прикажани во новата анимирана серија, која судејќи по сѐ ќе биде вистински хит...
Анимираната серија, „The Prince“ наскоро ќе се појави на малите екрани, а судејќи по првите детали, публиката ќе ја обожува.
Цртаниот филм за возрасни ќе го следи британскиот принц Хари и неговото семејство, а гласот му го позајми актерот Орландо Блум. Освен него, своите гласови ги дадоа и Алан Камин, Софи Тарнер и Ден Стивенс, јавува „The Sun“.
Анимираната серија ја направи Гери Џанет, авторот на хит сериајта „Family Guy“. Хари и Меган Маркл, на која гласот ѝ го позајми Кондола Рашад, во цртаниот филм бараат стан во Холивуд, а на личноста на принцот, авторот ѝ даде сатирична смисла.
„Ова наверојатно е најмалата палата во која некогаш сум бил“ - ѝ вели анимираниот Хари на својата сопруга за време на потрагата по дом. Објавени се дури неколку детали од серијата, која ќе се прикажува во 12 епизоди, а светлината на денот ќе ја види овој викенд.
Прикажувањето на анимираната серија требаше да почне во мај оваа година, но премиерата беше поместена поради принцот Филип, кој почина пред неколку месеци.
фото: BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA