Ања Ветерова: „Би сакала повторно да бидам безгрижно дете!“
Ања Ветерова е девојката која буквално порасна на сцена. Веројатно сите ја помните по детскиот хит „Ео Ео” и по нејзиниот настап на Детската евровизија но и по хитовите „Ми доаѓа да вриснам“ и „Рам бам бам“. Таа овојпат се потсети на нејзините тинејџерски години и детството поминато на сцената.
„Во основно училиште бев одлична ученичка. Истовремено бев посветена на училиштето и на музиката. Морам да признаам дека немав многу време за дружба со моите врсници бидејќи имав многу настапи на фестивали надвор од нашата земја.“, ни откри пејачката.
Ања се потсети и на настапот на Детската евровизија кој дефинитивно го одбележа нејзиното растење.
„Секој ден ми се состоше од извршување на училишните обврски и подготовките за натпреварите. Во тој период бев дел и од Детската евровизија, а исто така и посетував часови во музичкото училиште „Илија Николовскли -Луј“, а одев и на балет. Така што тој период ми беше многу забавен и турболентен. Би сакала сега да можам да се вратам и да бидам едно безгрижно дете“. се потсети Ања.